Повеќе за кабелска
телевизија БТВ

Кабелската телевизија БТВ е формирана на 05.05.2004 година. Уште од самиот почеток се труди да им понуди на корисниците што подобар квалитет на услугите што ги нуди. Со интернет започна при крајот на 2006 а со телефонија при крајот на 2008 година. Во овој момент можи да се пофали со солидна бројка на претплатници како за телевизија, така и за интернет и телефонија. Опремата која ја користиме е од најдобрите брендови во оваа технологија. Меѓу нив би ги издвоиле Teleste, Blankom, Teletronik, Grundig, Cabelcon, Motorola и HP. Почнувајќи од 2008 година БТВ е членка на RIPE, односно користи сопствени IP адреси во својата мрежа.