






Услови
Цена на приклучок 600 денари со вклучен ДДВ. Со приклучокот добивате модем на користење, односно модемот е во ваша сопственост се додека ги користите нашите услуги. Ако се откажите од нашиот интернет модемот го земаме назад. Гаранцијата за цело време што го користите модемот ја сносиме ние.
Во моментот на приклучување се плаќаат и деновите преостанати од тековниот месец(значи не ви се наплаќа за цел месец туку само делумно).
Во секој од пакетите имате по една јавна статичка IP адреса и една или повеќе приватни динамички IP адреси во зависност од месечната претплата. Брзината во табелите е претставена во форма download/upload. Мерка за брзина е килобита во секунда. Остварениот сообраќај е во гигабајти. Со кликање на линкот проверка на сообраќај можете да видите колку имате потрошено. ID и password ви се името и првата или неколку букви од презимето. За преместување од една во друга соба се наплаќа 200 денари. За преместување од една адреса на друга се наплаќа 300 денари. За ставање во мирување или откажување на интернетот треба лично да пополните барање во наплатниот центар. Мирувањето можи да трае максимум три месеци и се наплаќа по 100 денари месечно. Секое барање за промена се поднесува пред 1-ви во месецот.
Можни проблеми
Доколку имате проблем со интернетот треба да проверите неколку работи пред да се јавите во просториите на БТВ.
Ако немате воопшто интернет проверете што свети на модемот. Ако свети само последната портокалева диода тогаш интернетот ви е паузиран. За да го вклучите притиснете на тастерот кој се наоѓа на горната страна од модемот и почекајте неколку секунди. Ако на модемот светат 4 зелени и една портокалова диода влезете во start, потоа во control panel, network connections и видете да не случајно конекцијата ви е disabled(исклучена). Ако е исклучена кликнете десен клик и одберете enable на конекцијата. По неколку секунди интернетот ќе проработи.
Ако споро ви се отвараат страниците видете до часовникот долу десно да не имате уклучена некоја програма за спуштање(некој torrent клиент) и ограничете ја брзината на спуштање. Овој симптом можи да го има и ако во моментот кога отварате страници некоја од програмите ви прави update(надградба). Доколку страниците се отвараат претерано споро или понекогаш воопшто не се отвараат проверете ја активноста на upload. Ако забележувате голема активност на upload а вие не работите ништо со што би се случило ова тогаш највероватно се работи за вирус. Во тој случај однесете го вашиот компјутер на сервис и кажете им комплетно да го форматираат(избришат). Со цел да се заштитите од вируси ви треба некоја солидна антивирусна програма(пример Kaspersky Internet Security 2009). Ако на модемот светат само 4 зелени диоди тогаш проверете го кабелот од модемот до компјутерот. Прештекнете го и на двата краја и почекајте неколку секунди.
Важно !!!
Во никој случај немојте сами да вршите преместување на приклучокот од една во друга соба.
Секоја интервенција која е лошо направена е причина за да се создадат проблеми кај вас и кај корисниците околу вас. Немојте да правите никакви преправки по мрежа во делот до влезот на модемот. Производителот на модемите Motorola не препорачува истовремено да се користат мрежниот и USB приклучокот. Доколку сакате да делите интернет на повеќе компјутери најпаметно ви е да си поставите рутер.